кон (предл.) - лице (имн.)

Очите на човекот без брада летаа секој час кон лицето - череп, потоа виновнички скршнуваа, за да се вратат повторно привлечени назад со неодолива сила.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Вратата се отвори. Со мало движење офицерот покажа кон лицето череп. „Соба 101.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Како осамен патник кој веќе ни јас не го препознавам, со испиен поглед и одамна збрчкано лице се будам во нови сребрени утра, остарено, уморно и слепо одам кон лицето на судбината надоена со пелин и кобни солзи.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Се искачувам по планината натежната од страдања, чинели ми удираат во душава, флуктуирачки немир и субверзивна, разурнувачка болка чувствувам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
А од нив, од пукнатините излетаа пеплосани лилјаци, кои како рој се упатија кон лицето на Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ја гледав како прв пат да ја гледам: нозете ѝ беа необично долги и складно пополнети, со правилни облини кои повторно го раздвижија кај мене за миг замрениот механизам; првин морници ме полазаа по снагата, а потоа бран топлина ме облеа, како плиснат пламен од градите кон лицето, на челото, по темето; се испотив и речиси во истиот миг потта ми олади, се здрвив.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Погледот пак се сврте кон Даниел, и вториот кој токму тогаш гледаше право во него, четирите очи, поточно нивните погледи, се разминаа како две птици во лет и скршнаа еден од друг, но погледот на Боб бргу се врати кон лицето на Даниел и тој ја извлече потребната сила, не од неговите сопствени извори, туку од измачениот лик на човекот што беше извор на неговата слабост.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Вкусен си им. Чивавата, исчекувајќи, глетка нагоре кон лицето на господарот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Во меѓувреме, незабележливо, девојчето го наближило кајакот до брегот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ибн Тајко го крена погледот кон лицето на жената и ја препозна. Атиџе. Не беше убава.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Се качи до вратот, кон лицето: јаболкцата, како две резенки од калинка, крупно издадени, ја надсводуваа меката патечка околу усните, вивнати од жар и подотворени не во уплав од болката што ќе следи, туку од страста што ќе ги изобличи.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)