кон (предл.) - ограда (имн.)

-Но во случајов или ти не сфаќаш што ти зборувам, или мене ми дошле на гости привидите - реков и со рацете ѝ го свртив лицето на Пеперутката кон оградата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Нѐ остава зад грмушките, а тој сам се упатува кон оградата од црквичето.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Полека станува. Се тетерави. Повраќа. Оди кон оградата на бродот.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Пенчо брзо се стркала низ стеблото и со големи скокови се упати кон оградата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Рикна и по трет пат бикот, го откачи черчевето од џамот и фркна и забаботи кон оградата на кожарата, десетина метри над кланицата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Не видов дали го крена погледот кон оградата за да ги види но сетив како ме поттурнува со лактот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)