кон (предл.) - организира (имн.)

Во согласност со директивата, да се помагаат сите движења на отпорот во окупираните земји, претставниците на СОЕ веднаш пристапиле кон организирање на мисија која би заминала во Македонија и би го сондирала теренот за испраќање на оружје и воена опрема на групите кои се борат.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Меѓутоа, Британците биле сосема свесни дека на балканските држави, освен моралната поддршка, не можеле да им ветат воена или друга материјална помош.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Инфорамцијата на Донован како и информациите од британските разузнавачки служби, само го увериле британскиот политички естаблишмент дека било потребно што поскоро да стапат во акција и да изнајдат начин да ги убедат балканските држави да ги "заборават" своите територијални и национални поделби и да пристапат кон организирање на еден заеднички балкански блок за да можат да се спротивстават на германското напредување.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во согласност со директивата да се помагаат сите движења на отпорот во окупираните земји претставниците на СОЕ веднаш пристапиле кон организирање на мисија која би заминала во Македонија и би го сондирала теренот за испраќање на оружје и воена опрема на групите кои се борат.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)