кон (предл.) - скала (имн.)

Винстон тргна кон скалите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И се свртев и ја оставив. Тргнав кон скалите на кејот и ја оставив така: разголена и понижена.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сега додека одевме кон скалите за да се качиме горе во собата, му го видов профилот, по малку пушкиновски, подаден напред, но целото лице подолгнавесто, горниот дел кај челото и очите поизразен, а долниот пововлечен.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Кај се децата, прашува Јон и гледа кон скалите откај што слегов.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тргнав во еуфорија кон скалата, со чувство дека сум семоќен, ја зедов (а и самиот не знаев, во тој миг, зошто ја земам), ја кренав и на ум ми дојде луда идеја: „Ако можам со моторот, зошто не би можел да стојам во воздух и со скалата?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Италијанецот тргна кон скалата, но приликата влезе во една од долните простории.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)