кон (предл.) - слобода (имн.)

Me разбра ли брат Толе? — го заврши Атанас своето убедување, трудејќи се колку што може и не може да му објасни на Толета каде е патот кон слободата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Почна да ја префрла пушката од рака в рака да ја врти главата де на една де на друга страна и почна да го повторува она Атанас што му го зборуваше небарем одговараше пред учител, кој му зададе нов урок.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
За жал, додека хемиската нервозно чкрипи по хартијата, поетот е повторно нападнат од помислата дека зад привидот на непреченото пишување, всушност кружи и кружи меѓу кориците на една запечатена книга, која некој (веројатно Таткото) ја камуфлирал непрегледна за до крај да му го истроши гладот кон слободата.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
- Има и зошто – реков замислен, гледајќи и натаму кон синиот хоризонт, кон излезот, кон слободата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Конфликтот што Бретон го имаше со француската левица по Втората светска војна (со Пикасо, на пример) јасно укажува на длабинската приврзаност на Бретон кон слободата на интелектуалецот и неговото јасно согледување на новиот, комунистички тоталитаризам кој во тоа време малкумина слободни интелектуалци и анархоидни уметници на запад можеа да го видат. okno.mk | Margina #26-28 [1995] 38
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
- Луѓе,- рече Петре Даскалот од чардачето каде што стоеше како маѓесан- сега сме излезени на патот кон слободата.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
„И зборот кога е во тесен чевел“- сигурно притиска однатре, глочка, често попречува во слободниот од кон слободата, сѐ додека не се искаже, преку песната или пак некоја друга творечка форма.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
И сега, кога ништо не е скршено, ништо не е пресечено, човек може да преземе други мерки; кога не може да се надминат помислата и зборот, тогаш човекот се стреми кон слобода и разбирање; човек може да ја затвори вратата и пак да ја отвори.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Многу малку се знаело за нивното идејно определување, за нивниот став кон животот, кон слободата.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Измислив еден сон за сите: ја започнуваат борбата за својата слобода со тоа што го совладуваат сонливиот стражар Шарлаган- кан и победниќки пеат: Се бориме, се бориме, кон слобода чекориме.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Шарлаган- кан часкум заспа.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Махмуд Дарвиш И така судбината сакаше да се најдам крај животите на Јасер Арафат и Махмуд Дарвиш, во времето кога тие го водеа палестинскиот народ кон слободата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Познато е од грчката митологија кога Белерофон го заробил Пегаз и го јавал во многу свои походи, но кога се обидел крилестиот коњ да го јава кон небото бил отфрлен и убиен, а Пегаз останал на небото како дел од некое соѕвездие...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
XXVI Збогум историјо Јас сум тој што ќе ја отвори Последната врата на небото...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Арафат беше моќен во светот на химеричните идеи кои го создаваше околу себе, кои го водеа кон слободата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Помогни ми да те пронајдам, да се најдам себе си во овој вртлог на ништо. Покажи ми го патот кон слободата, се купува ли на кило можеби?
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Осветли го патот кон слободата, земи или остави, е нејзиното име.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
И затоа од секоја страница на својата книга за Мојсеј, брат ми како да крикнува: „Ни тој ниту пак јас сме Евреи; јас сум, како и тој, самороден водач и пророк!“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сакаше, како што Мојсеј повел еден народ кон слободата на ветената земја, да го поведе човечкиот род кон ослободување на Јас, кон ослободување на човековата суштина од оковите на потиснувањето и од мрачните понори на несвесното.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Куртката ја фрли кога заклучи дека таа не го води кон слободата.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)