кон (предл.) - средина (имн.)

Како недостаток го истакнува фактот што синдикатот од претпријатието не се потруди ниту, барем елементарно, да ги подучи и информира вработените за своите права.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Обраќањето за остварување на своите загарантирани права таа го реализира после две години откако истите ѝ се прекршени, поточно кон средината на 2003.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Таа го контактира ССМ, кај кој ѝ се обраќа за помош.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кон средината на април го добив првото писмо од жена ми.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
До повторна поделба на територијата на Македонија дошло кон средината на V век кога биле формирани две посебни провинции, Македонија Прима и Македонија Секунда.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Но кон средината на јули бугарски претставници пристигнале во македонскиот Главен штаб и било одлучено да се испрати британска воена мисија за да го организира снабдувањето со оружје и други материјали за Бугарите за нив и покасно да навлезат во Бугарија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
ПРВИТЕ БРИТАНСКИ ВОЕНИ МИСИИ ПРИ ГШ НА НОВ И ПО НА МАКЕДОНИЈА Интересот на британските политички и воени тела кои настаните во Македонија започнал кон средината на 1943 година.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Повеќето луѓе низ историјата живееле во мали рурални населби, но кон средината на дваесеттиот век процентот на урбано население нагло расте и урбаната популација опфаќа половина човештво.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Движејќи се кон средината, еден од пеликаните извика: Идиотизмот е нашата сила!
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Сите се тискаат кон средината, а од многу луѓе не се гледа што има таму. Си стоиме со Весна настрана, чекаме.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Некаде кон средината на јадењето, па дури и порано, нешто се случуваше со неговиот хранопроводник.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Брзо се сврте и зачекори надолу кон средината на теренот, подалеку од кулата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Почетоците на grunge-от како музички стил можат да се најдат во фузијата меѓу hardcore-от и heavy metal-от, кон средината на осумдесетите (Black Flag, Minutemen...).
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Откако кон средината на февруари во Пловдив добил виза од Турскиот комесар, преку Одрин безбедно пристигнал во Солун.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
* Гемиџиите кон средината на април биле наполно готови. Но тие не сакале да ги почнат атентатите без претходно за тоа да ја предупредат Организацијата, па дури и самиот Гарванов.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Иако во градот владеел мир, стопанската активност кон средината на мај сѐ уште била речиси наполно замрена.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Дали пеевме добро не сум сосема сигурна, бидејќи некаде кон средината на песната го здогледав татко ми како тивко влегува во салата и седна во првите редови.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Тргнавме со чунот, но кон средината на морето, ете ти несреќа: започна да дува ветер и да се креваат бранови; започнаа далги како ѕверки да рикаат, да удираат во чунот и да скокаат во него; се пулиме во чунџијата, а тој само жолтее како лимон; извадивме ракија од торбата, започнавме да тргаме од неа, да ја смириме душицата, да се окуражиме; му даваме на чунџијата, но тој вели: не пијам; гледа во нас, удира со веслата и дофрлува: „За малку пари тргнав да ве возам... Ќе дадете по десет лири“. „Ќе дадеме“, му вели Ѓеро.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ја молам судбината милозливо тоа да ми го дари“ - се утешуваше сам со себеси. Кон средината на декември, „белиот ангел“ пред кој генералите требаше да стојат простум, го промени своето војничко со цивилно одело.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ако думам арно, некаде кон средината на осумдесеттите во СФРЈ почнаа да доаѓаат првите компјутери. Комодоре 64 и Спектрум. Преку некоја словенечка фирма.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Заоблена на дното, за кон средината благо да се стеснува и да формира голем тркалезен отвор на врвот.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Оние кои што некаде кон средината на осумдесеттите даваа заклетва дека ќе бидат лојални на принципите на извидничкиот кодекс во херојското село Лавци битолско, може ќе се сетат на следново.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Пресечи шумка и легни ја со врвот кон средината од лисникот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Добери се под капавица и ќе чуеш: погоре, погоре, не толку горе, слези малку подолу, не оди лево, е, тука, тука, тука, не, бре, само тука, кај отиде сега со раката, појди малку кон средина, е тука, тука, тука, ај сега малку кон десно, да не те заболе раката, ај добро, почини!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но, зошто истовремено?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Низ полето минуваат кучка и кучиња, кучката напред кучињата по неа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
“, како да има ова смисла меѓу набраздениот снег што ме турка со ветрот по грбот, дланки од сунѓереста крпа кои ме носат за половината кон средината на мостот. (Поудобно е да зборуваш во сегашно.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сѐ уште не изустила ни збор ни воздишка, ни оф, ни леле, трча по пеперугата на моминството, најпрвата варијанта, и ме влечка од аголот кон средината на собата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Винстон, кој во нормални услови беше човек што обично гравитира кон надворешниот раб на каква и да е турканица, сега се туркаше, и со лактови си го пробиваше патот кон средината на толпата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Некаде кон средината на езерото шеташе месечевата светлина како некој одозгора да држи насочен благ рефлектор.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Потоа јас го фатив директорот за нозе со цел да го истргам кон средината на канцеларијата, на чисто и да видам што можам да направам да му помогнам.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Жената без збор, со поглед, го упати кон средината на претсобјето. „Повелете!“ му рече. Всушност како да рече.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Германија замина со директорот на пат дури кон средината на идната недела без да му се јави.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Неговите гонители, мајката гуска и четирите нејзини деца јаничари, триумфално се враќаат, како докажани господари на овој простор, кон средината на барата.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Малечката Пелагија не ни го слушна своето име, ама мајка ѝ ја завлече кон средината на училницата и ја седна во една клупа, а таа самата остана простум во празното меѓу двата реда клупи.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Пак нацртав неколку ураганчиња на листот, но секојпат кога ќе го придвижев кон средината, пенкалото престануваше да работи.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Се насмевнав кога го погледнав и се случи чудо.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Исто така, статијата е објавена и во СССР на руски и на српскохрватски јазик.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
130 Кон средината на септември 1943 година, во Врховниот штаб на НОВ и ПО на Југославија пристигна англо-американска воена мисија со членот на Британскиот парламент, генералот Фицрој Маклин. 132 Статијата беше објавена во одделни брошури на англиски и на српски јазик во сојузничкиот печат.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
ТЕТА, ДУЊА-ЃУЗЕЛ И ЗЛАТНИТЕ РИБИ - Овде, - рече тетка ми Оце, покажувајќи со раката кон средината на малото модро-зелено езеро, - некогаш, многу одамна, живеела во еден прекрасен дворец принцезата Дуња-Ѓузел.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Сите се тискаат кон средината, а од многу луѓе не се гледа што има таму.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)