кон (предл.) - станување (имн.)

„Можеби,“ рече. „Страшно и едноставно, како и менструацијата, првиот чекор кон станувањето мајка,“ рече, потстана со мака, ја испружи несигурно едната нога како да ќе зачекори, а всушност ја остави да лебди ниско над подот, а потоа пак седна на столот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„А моите чекори се секогаш премногу бавни…“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Неколку месеци подоцна дојде и мојот прв чекор кон мајчинството.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Примањето во пионерската организација беше првиот степен на иницијација кон станување на работен човек и граѓанин на нашето самоуправно општество.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Помислив на Рајнер и на брат ми, и ја прашав Сара: „А кој е првиот чекор кон станување татко?“ „Не знам,“ одговори таа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)