кон (предл.) - штала (имн.)

Го пушти коњот кон шталата и со торбата тргна кон мене.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Тој мирно го поведе коњот кон шталата на едно запустено лозје, кое едно време беше гордост на еден фармер по име Фитваџијан.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во темницата се наслушаа тивки чекори, Мино се приближуваше кон шталата како мудра змија, без никој да го сети.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
- ... Херкул ја навртел реката кон шталите на Аугиј и ги исчистил...
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Што буден недобуден, што сонлив недосонет, си ја влечкам снагата кон шталата, кон коњот и самарот, кон ситната стока што треба да ја носам на панаѓур во Виница.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Можам да го натерам да прави сѐ што сакам.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)