кон (предл.) - последен (прид.)

Сепак, погледнав кон последната страница и видов нешто што никој друг не го гледаше: Луција беше гола. Беше распорена; врз неа лежеше телото на Фисот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во Триполи (во затворот) останале еден месец и на 6 јули, придружени од одред коњаници и 11 стражари, тргнале кон последната точка од патувањето - Фезан. Вкупно 55 осуденици, од кои 51 Македонци.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ветрот ни ја оддува од клепки пајажината на сонот и избриша дел мрак пред нас.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Најпрвин видов некакви пузиња, згрчени и со големи глави (тоа уште сонот ме измамуваше) и кога погледнав кај што гледаа сите, а гледаа кон последната кола, се зграпчив за грло од страв.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Таткото на нацијата долго време живееше во својата палата во лажен сојуз со вечноста, меѓу животот кој беше подреден на неговото продолжување во смртта, далеку од верноста кон некаква трансцендентна илузија, туку повеќе свртена кон последните трошки од животот, како да ја доврши својата фараонска пирамида, искачен на нејзиниот врв.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Без Бургиба Картагина умираше повторно пред рамнодушната на нејзините жители.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се упативме кон последната во долгата просторија и Живко штракна со палецот и показалецот, небаре задоцнето се огласи глувнатото штракатало на запрениот воденичен камен на напуштената воденица.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ќе речат: си поминал одовде со иста трема пред да зачекориш по тенките скалила кон последниот прозорец (а сакаше само срцата на луѓето да ги ископаш од правта и да ги кажеш нивните тајни)***
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Ги влече иста сила да појдат кон последната средба на животот и смртта.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)