кон (предл.) - убав (прид.)

Ќе заминете, велам и ќе се обидувате да се сетите на Закинтос, а сè што ќе Ви паѓа на ум ќе биде оваа канцеларија со типична војничка декорација и евентуално, пејзажот што се пружа онаму, кон убавата долината на Аргаси.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Говореше со многу почит и со чувство за својот покоен шеф кој ѝ овозможил убаво работно место со можности за вонредни приходи, благодарение на што можела не само покомотно да живее туку и да ги одржува и развива своите склоности кон убаво облекување, накит и поскапи парфеми.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Иронијата им е незлобна, мека; тие, со ширум отворени очи, гледаат надвор кон играта, како кон убаво сениште.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
При тоа се работи исто така и за пресврт од 38 Margina #15-16 [1995] | okno.mk убавите машини и нивното движење кон убавите/интересни (значи вредносно не неутрални) алтернативни „светови”, генерирани од виртуелните машини.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Наводната разлика помеѓу нашите одговори на убавите тела и кон убавите уметнички дела треба да биде основа за темелна разграниченост помеѓу пристрасната и беспристрасната привлеченост, помеѓу користољубивата, себична, егоистична, возбудена заинтересираност и некористољубивата, несебична, алтруистичка, контемплативна беспристрасност.264 За естетизмот, понатаму, обично се мисли и дека искажува потрага по совршенство или посветеност на совршена убавина, која во голема мера е ирелевантна за погрубите, пониски дејства на сексуалната возбуда.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Барем од Кант наваму, конвенционално се смета дека телесната убавина и уметничката убавина будат мошне различни видови на одговор кај нормалните (хетеросексуални) човечки субјекти.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ќе се испостави дека не сте престојувале на Закинтос, туку само во оваа канцеларија.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)