крај (предл.) - неа (зам.)

Крај неа, со денови, останувале замислени императорските стратези, хроничарите, поетите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Се наредивме крај потокот, расфрлавме камења во него, испоскокавме преку него и пак се собравме крај неа.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Сини птици надлетуваат врз доенчето во крошните во дворот Пеперутка со часови нешто ѝ шепти на розата и заспива крај неа.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
И си се чешла така Севда, спокојна, косата преку рамена ја чувствува како пердув лесна, а крај неа седи онаа жената, свекрва ѝ.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Штом поминуваа крај неа, ѝ се поклонуваа и оние што одеа в црква и оние што од неа излегуваа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Таму лежеше кучката, а крај неа играа три сиви кутриња.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ќе го бараш Сетворителот и Седржителот за да му заблагодариш што ти помогнал да изградиш куќа и во куќата Ангелот од Курбиново, и стиховите-пеперуги кои излетуваат од твојата уста и ја осветлуваат шумата од костени, во која пладнуваат елени со златни рогови и со сребрен ѕвон ги веселат темелите на куќата и ги озвучуваат ѕидовите, та кој ќе помине крај неа застанува да се наслуша и подмладен да го фати Патот на Апостолите, пресреќен што се упатил кон Бога, како што си се упатил и ти самиот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Под брегот браздата со вода се тенчи, се исукува и како змија се крие низ камењата и лопушките, крај неа пиштат жегалци жедни на ридот се гледа забодена коса со сечилото свртено нагоре кое одвреме навреме одблеснува на сонцето како молња да прелетува и навира морници; чиниш: Архангел со мечот минува или се токми да мине.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Поделкај чини, поделкај, па плукни си во дланките за да не му се лизга рачката од секирата. И секирата само свирка и светка и летаат деланки од крај неа. 14
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Подзапирам крај неа, ја загледувам. Жената и мртва е убава за гледање.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И лежам крај неа, вели, целиот глибав, омрлушен и смекнат. Ко перница со плева, вели, ко раскиснат снег. Дури и коските ги сеќавам дека ми се празни и меки, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кукулино; таа плитарска тврдина на маченици и вдовици, ја посвоило немата Ганка, да ора, да сее, да копа и да окопува со другите жени и во предвечерните часови да стои осамена и да гледа кон планините.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како да очекувала најпосле да се спушти по козји патеки нејзиниот врсник Лозан Перуника, да остане крај неа или да ја поведе кон невиното синило на далечините.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Предната врата од левата страна на комбето беше отворена и крај неа стоеја двајца униформирани полицајци кои повремено погледнуваа на другата страна од улицата, кон влезот на нашата зграда.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ема трепереше. Беше бледа, студена и нема.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Клекнува крај неа и со прстот ја отпревртува. Бубалката стои за миг како да не верува дека е отпревртена, дека е пак на нозе и наеднаш збрзнува кон тревките и се крие.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
И позанимливи се од твоите списоци и печати.“ Очите на високата службеничка сонливо го гледаа кога мина крај неа.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Единствена утеха ѝ беше малечкиот син, кој спокојно дишеше крај неа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Родна го врти газот на кај ќе стигне, ама крај неа е нејзиниот Петар, додека Германа е сама.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Некои одеа првин кај мртовецот, му изразуваа сочувство на Танаил и ѝ палеа свеќа на мајка му; ѝ ставаа овоштие, локум и босилок на ковчегот, поседуваа крај неа и издишувајќи од жал, подречуваа нешто за кутрата старичка како се мачела како вдовица да го гледа и одрасне Танаила; и сега кога треба да проживее во полна куќа луѓе, таа си умира, си оди од овој свет; подречуваа нешто и за нејзината кротка, блага душа која на сите во селото, и роднинина и нероднина, само убави зборови им велеше, и која ни на живинче не му свикала, лош збор не му рекла; ќе сронеа по некоја солза, ќе поплачеа, и ќе си заминеа дома; ќе се измиеја на чешмата средсело или езерото, ќе го соблечеа црното руво, ќе облечеа други алишта, и одеа кај Китан на свадбата, на веселбата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Седна крај неа. Знаеше дека не е само измамен човек, дека е и лекар.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Вилијам!“ Светлината на студениот ноември се распосла по патосот крај неа.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Сонцето ѝ блескаше во очите, таа ги зеде очилата за сонце што ѝ стоеа на столчето крај неа.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
И кога неговото распрснато тело паѓа крај неа, надолу, надолу, во запрениот миг на разминувањето, тој, вон себе, се дере, најсилно што може, го корне гласот – Те љубам! Те љубам таква!
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Таа поткрепата ја има во Мурџо кој постојано е крај неа и внатре освен кога легнуваат со Пелагија во креветот, тогаш си го знае местото - надвор, во куќичката крај оградата на фабриката.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Иако за него се грижеше Митра, баба му, откако се преселија во една од долгите бараки, инаку штали порано, Дончо уште првите денови заталка низ Острово, откри дека ако се оди на онаа страна каде што изгрева сонцето се стигнува до една огромна огромна вода што изгледа како сиво платно на кое не му се гледа ни почеток ни крај ама некој од кај сонцето како да го влечи влечи и се потсетува дека од Митра е предупреден да не се приближува до каналот оти и во плитка вода човек можел да се удави, башка што змија може да ти се замота околу нозете или крастава зелена жаба да ти скокне в уста, ама за оваа огромна вода никој ништо не му рекол и по долгото клечење крај неа заклучи дека ова не треба никому да го кажува, да си ја чува како тајна само негова и тргна по патчето крај неа совладувајќи некои грмушки, некои корења, надолу надолу дури до онде каде што таа голема вода се сретнуваше со една малечка рекичка покриена со врби и кој ти знае уште со какви дрвја, водата од малата рекичка бистра па се гледаше сѐ под неа и сакајќи да помине преку неа за да го следи брегот на големата вода откри дека почна да му се качува до кај колената и се сети на предупредувањето од Митра дека можеби ова е каналот и дека во плитка вода човек може лесно да се удави па се подврати, е, кога веќе го нема човекот што го трга сивото платно, поарно е да го фати ова патче што оди нагоре покрај малата рекичка следен од крекање на жаби и чрчорења на секакви птици горе во дрвјата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Бате Јоле, расплакан, клекна крај неа преграбувајќи ја со левата рака и ставајќи ѝ ја дланката на нејзиното лево обравче, а од другата страна ѝ го навали образот и така милувајќи ја и гушкајќи ја, плачеше барабар со неа.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
- Мамо, - ѝ се доверив, - јас еднаш, божем случајно, кога стоев крај неа на хорската проба, ја допрев со рака.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Со векови таа го чекаше да се покаже зоографот а кога сфати дека тој е безнадежно отпатувал таа само ја допре неговата четка обесена на ѕидот и некаде пладнето крај неа оживеа русокосо момче со пеги на лицето.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
И така не можеше да се помине крај неа од миризбите што шетаа низ целото маало, а да не се купи нешто.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Убаво е во нашава куќа. Потокот што тече под моите прозорци е двојно поголем отколку што е вообичаено, зашто снеговите од Бистра се топат, па сиот се пени и шумоли како да минува низ куќата, а не крај неа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ливадата наоколу е полна со сонце и со птици.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Стоеше крај неа Полжавот и тагуваше.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Тато, помогни ми да прочитаме! - ме моли девојчето. Застанувам крај неа.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)