крај (предл.) - гроб (имн.)

Минавме крај гробот на славниот крајезерски поет Лазгуш Порадеци, еден од великаните на албанската поезија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Старецот и самиот малку стоеше крај гробот откако сите заминаа.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
На заминување ми даваат една книшка од него за училиштата во зоната на Поградец, објавена постхумно од неговата ќерка, а со грижа на градоначалникот на Поградец Артан Шкемби.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Се сметаше дека е убиено од локалниот олош.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Додека минувам крај гробот, фрлам еден примерок на Бардо Тодол во него.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Одвај ја повратиле. Останала долго, долго време крај гробот на брата си.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Кога го закопаа Каравила Пејкоски, луѓето рекоа да не се задржуваме крај гробот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)