крај (предл.) - манастир (имн.)

Во шеесетите години на минатиот век во Струга, на брегот на Езерото започнаа да се собираат значајни поети првин од Македонија, па потоа од Југославија и на крајот од сите континенти на чудесни читања песни на мостот на истекот на реката Дрим, која се влива во Јадранското Море, на претставување на славен поет во Катедралната црква Света Софија во Охрид, на средба крај манастирот Свети Наум, на самата граница меѓу Македонија и Албанија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Овде, на брегот, пред големата врата на животот, зачнаа и моите големи пријателства со кои мојот живот и пишување добиваа нова смисла во моите спротивставувања на балканизацијата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Мајка, во тие години, на возраста на која веќе можеше да добие виза за да патува во Албанија, дојде на брегот крај манастирот за да запали свеќа и да се подготви за враќањето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
На вишната рида крај манастирот. Меѓу земјата и небото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
На изворот Свети Анастасија крај манастирот им рече дека со оваа вода свети Наум ги лечел луѓето што пателе од очни болести или биле слепи.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)