крај (предл.) - уво (имн.)

Имаше зимски ноќи кога се будеше со порцелан во коските, со студени ѕвончиња што му ѕунеа крај ушите, со ледени прободи во нервите како сива светлина од студени огномети што експлодираат, распрснувајќи се во вжарени снежинки над пустото тло, длабоко во неговата потсвест.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Го кланца крај увото и пак го крева кон небото. Го ѕирка на едно око.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Потоа ги врза со уздите еден за друг, му се качи на средниот и ги спотера сите три по патот низ селото; коњите испијанети и потсилени од камшикот што им плускаше крај ушите, јуреа низ селото како бесни, креваа прав зад себе, газеа кокошки, патки, мачиња, кучиња и секаква живинка што ќе им се испречеше на патот и опкршуваа со сета сила по сокаците; прислужникот Геро потскокнуваше на средниот коњ, ги стегаше цврсто в рака сите три узди, плускаше со камшикот и викаше силно.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)