меѓу (предл.) - гостин (имн.)

Можеше меѓу гостите да има и славни лингвисти, особено албанолози, но се случуваше да има од гости и од „своите”, од соседните земји во кои живееја Албанците или од подалечната дијаспора, и најчесто имаа посебен третман.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
ХЕРЦОГ: Како би можел да го заборавам тоа? (Се приклучуваат назад меѓу гостите токму кога Клаус се запознава со Стево.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Сѐ уште татко ми не бев го открила меѓу гостите.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)