меѓу (предл.) - колено (имн.)

Со брадата втисната меѓу колената што силно ги има зграпчено со обете раце, се ниша ту напред ту назад и не откинува поглед од огнот и до болка чувствува како му се стега желудникот и тие, кои до него најблиску седат, слушаат како гласно му кркорат цревата...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ана беше непредвидлива, седеше токму на седиштето крај прозорецот, таа веќе се наоѓаше таму кога јас влегов на станицата Етјен Марсел па кога некој Црнец ослободи едно седиште напред за кое како никој да не беше заинтересиран, па кога јас успеав да се провлечам со некој неодреден изговор меѓу колената на двајца патници што седеа на седиштата покрај ходникот, останав покрај Ана и, речиси едновремено, бидејќи влегов во метрото токму уште еднаш да ја одиграм играта, го побарав профилот на Маргарита во одблесокот на прозорското стакло, и помислив дека е убава, дека ми се допаѓа нејзината црна коса со како птичје крило што накосо ѝ паѓаше преку челото.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Како што одминуваше времето, така душите им се стоплуваа, а со тоа и чудни настани им извираа низ устите обликувани во низи зборови што се таложеа во мене молчаливиот, стутканиот меѓу колената на татка.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тогаш, со истиот бавен чекор, се врати назад и виде дека Едо брезничаноцот и понатаму седи на талпата пред продавницата, налактен и со главата обесена меѓу колената.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ја држи, стисната меѓу колената, книгата што му ја даде Павле и чекаше да заврши часот за да истрча во дното на бавчата и таму да чита.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сѐ уште собран на клопче, со брада нурната меѓу колената, тој вознемирено ослушнуваше, ноќта надвор се полнеше со тропот од коњи и забрзано трескање на тркала врз гола калдрма.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ги свиткале нозете и ги зеле главите меѓу колена.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе крикнеше жената и, фаќајќи си го лицето со двете раце, ќе го скриеше меѓу колената.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Јели бре, ди ти je фирма, прашува Јоле и ја спушта пушката меѓу колена.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- А зошто ме чекаш, ѝ велам јас, болви за да ти тепам меѓу колена? И ѝ врзувам една шлаканица.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
После нѐ викна, нѐ зеде меѓу колена и ни даде по едно ѓеврече.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)