меѓу (предл.) - око (имн.)

Со глава го удри меѓу очите. Еден, два удари.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Господе! - Над нејзината глава забележа две исти насмевки со две подбрадни дупчиња и две исти брчки меѓу очите. Две полни усни од кои извираше кураж.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се намести милиционерот пред бикот, ги рашири нозете, ја поткрена пушката и, без многу размислување за да не должи со стравувањето, пукна во главата на бикот, токму во ѕвездата меѓу очите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Бојан ја фати Кротка за главата, нежно ја гушна, ја бакна в чело, меѓу очите, па и го одврза јаженцето од вратот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Плачам и само го бацувам, целото го бацувам: во косата, меѓу очите, на обравчињата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе почнам. - Со нож, ќе почнеш со нож? - Бездруго, не се возбудил Онисифор Мечкојад.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Ќе му ја засечам жилата на челото. Онаа, меѓу очите. Во таа жила 'ртат црни соништа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Неговиот нож му стоел над очи кога еден од нив, Андреј или Цене, го потсетил дека пред тоа замавнал за да убие.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Потег - болка меѓу очите, јад во срцето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)