меѓу (предл.) - публика (имн.)

Меѓу публиката се собираа повеќе видни личности, како на пример битолскиот сликар Мелников, познатата глумица Мирјана Будимировиќ од Белград, глумицата од народниот театар во Скопје Мери Потхраски во друштво на колешката Живка Срдановиќ и режисерот Јосиф Срдановиќ, госпоѓата Здравковиќ од друштвото на пријателите на уметноста „Јефимија“ од Скопје – специјално дојдена за тој настан, како и грчкиот, францускиот и турскиот конзул.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Додека помалиот син се растрчуваше меѓу публиката да им угоди уште со по некоја чашка, која тие ја прифаќаа како коктел, а тој самиот си ја сфаќаше како задушница, една старица во црно, склопчена надве врз едно столче во ќошот, гледаше во празно задумана во тајната врска меѓу смртта на детето и мажот, во ѓаволската судбина на таткото кому пред очи му умира синот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сепак, забележав дека меѓу публиката ги немаше главните од Маказар, водачите на протестот во врска со водата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Меѓу публиката имаше и такви што не се согласуваа со ова мислење, ја бараа причината во смелоста и очајот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
На сликите од слетот, што ги донесуваше весникот, тој ја бараше неа да ја познае меѓу публиката, тој се напинаше да прочита од нив колкава напаст ја застрашува и премислуваше нели е најдобро да појде самиот таму и да ја предупреди.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)