меѓу (предл.) - смрт (имн.)

Татко ми претпоставуваше дека Чанга со козите е во утробата на Калето и дека и тој и козите сега се на границата меѓу смртта и животот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Додека помалиот син се растрчуваше меѓу публиката да им угоди уште со по некоја чашка, која тие ја прифаќаа како коктел, а тој самиот си ја сфаќаше како задушница, една старица во црно, склопчена надве врз едно столче во ќошот, гледаше во празно задумана во тајната врска меѓу смртта на детето и мажот, во ѓаволската судбина на таткото кому пред очи му умира синот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Се сеќавам, некаде сум прочитал, дека немоќта човек да се изразува и да се менува преку акција, ја прави разликата меѓу смртта и животот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)