на (предл.) - колено (имн.)

Еден друг стана од својот стол, му пријде на овега што си ја амка ногата и се спушти на колено пред него.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Се знае не само од документи, туку и од раскажувања од колено на колено, дека умрел како голем богаташ“. „За тоа знам и јас“, реков.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
По два часа, клекната крај мене на колена, со рацете и со главата во мојот скут, со голема доверба и со исчекување ми кажа дека ја добила првата менструација.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Почна да потклекнува и дури да паѓа на колено. Се срамеше.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Клекнување на колена и бакнување раце - 200 евра.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Европа Ах ти прелепа божице што богот наш суров без поштеда и пардон те опаша грубо сега освета слатка ни спремаш судбината ко џамаданче ни ја кроиш и приспивни бајки ни редиш но не во сон сладок ами во очај и летаргија нѐ фрлаш Ах Зевсе ненаситен манијаку сексуален никаквецу од небесна сорта што несреќа на врат ни врза што грев в мозок ни жигоса та ни камшик ни пост велик оттаму не може да го истера Ах милост имај божице сјајна еве на колена клечиме пред портите на домот твој златен петиците ти ги целуваме прошка дај ни за гревот наш древен и прибери нè внатре бар малку тело запустено да одмориме и душа грешна да згрееме подај ни сал трошка од трпезата ти божеска и вечно името твое ќе го славиме и пелтечиме Маргина 35
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Јас се одвлечкав полека во училната, се потпрев со рацете на колена и тажно ги гледав големите чевли на моите нозе, што влегоа во мојот живот како некои живи суштества, сведочејќи ми за студената пресметливост на светот што ќе го газам со нив.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ќе седи тогаш на клупата под маслинките, се опрел со лакти на колена, ги пребира килибарните броеници, - старче со провиснати мустаќи, наклапушено со паларија што се чини секогаш понова од алиштата што ги носи; ќе си седи и го задоволува својот навик да ја гледа убавината на тукушто подраснати девојчиња, цврсто стегнати во црни гимназиски кецели со бели околувратници.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Сега и Соколе се вгорештува: - Гледај овде, - го превртува тој листот на книгата што ја држи Боце на колена.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Загледан во книгата, Пискулиев полека се заборави, и престапувајќи од нога на нога, што му чинеше добро на колената здрвени од стоење, по некое време тој изби во првиот ред на групата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тој го сметна сега и качкетот и го кладе на колено, како да сакаше со тоа да рече: што ме мислиш ти мене?
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Се поткрена малце на колена, да може да види без да го сетат него.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Обколиха него, чедо, Турци крвопијци, а он падна на колена, милно им сја молит да не земат млада глава, че един у мајка.
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Првото шише Верга му го даваше на Томе а тој го држеше на колено како внуче, додека наредните се ставаа на маса среде чиниите со риба и со месо.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Со раце на колена, пушката светната ледна таа ја милува благо.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
БОГЕ ОД БАЊИ
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Колата скршна накај завојот а потоа се истрани на височинката при што и коњот падна на колена.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И кога го составив со мозаикот, кога целото стана Едно, и кога се укажа целата слика на царевата ќерка под колената мои (оти на колена клечев додека чинев невидливото да стане видливо), сфатив дека сум пајак средето на своето завршено дело, дека ме заробила целината, завршеното, дека самиот сум центар на сочинението од рацете мои, дека сам сум се затворил, сум се заѕидал во тоа чудно здание, храм пајажинест.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Публиката збесна од смеа; некој бараше тоа да се повтори на „бис“, но јас одбив; зад завесата, ѝ реков на Луција дека е доволно, но таа инсистираше тоа да се повтори; јас велев „Не“, таа ме молеше, дури клекна на колена пред мене зад сцената и јас одеднаш реков: „Е сега навистина е доста, Луцијо; ти уживаш да ги понижуваш луѓето, но сега е навистина доста!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Подлизуркото падна на колена пред него и промрморе: „Тагата моја е рамна на твојата, оти во воспитуванието и уката што ѝ ја давав ја имав за ќерка своја.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Филозофот истапи пред логотетот, се поклони, падна на колена и рече: „Добар запис на прстенот стои, и за добро твое е напишан“, рече.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И потем почна да ме моли; ме молеше како мало дете, целосно инфантилно; клечеше на колена пред мене, ми ги бакнуваше стапалата; рече дека бара само да му дозволам да ми го открие стомакот; дека ништо друго не бара и дека ме моли само на половина час „да му го позајмам стомакот“ (токму така рече, господин судија!); рече дека ми ветува дека воопшто нема да ме гибне со рацете; јас се смеев, оти предлогот беше луд; „Јан Лудвик“, му реков, „Ние сме возрасни. Какви ти се тие глупости?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Раце налактив на колената, лицето го покрив со дланките и чекам и така чекајќи – го дочекав првиот мрак, не мрдам, чекам и чувствувам како ме тресат морници, по стапалата како да ми лазат мравки и студот сѐ повеќе ми облева образи, прстите ми отрпнуваат, ушите ми горат и полека ме фаќа некаква дремка, ми се присторува дека се губам и не знам што време беше, кога почувствував дека нечија рака ми треси рамо, ме подигна и слушам женски глас да ме праша – кој си ти бре синко?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И така одам јас дома и си мислам како ќе ме прегрнат татко, сестрите и братот, како радосно ќе се гушнеме, како татко ќе ме седне на колено, ќе ми погали глава, ќе ме стопли во својата прегратка, а сестрите ќе ми донесат топла манџа и многу леб, како братот ќе ги собуе своите топли волнени чорапи и ќе ми ги обуе, како сите ќе седнеме покрај распаленото огниште... а потоа како наситен и стоплен ќе заспијам во скутот на татко и утрото ќе се разбудам под топлото веленце, ќе се напијам топло овчо млеко...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Налактен на колената и со брадата и устата втиснати во вкрстените збрчкани дланки, молчи и натажен поглед има вперено во дворот обраснат со коприви и диво зелје.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Да го молам, да му паднам на колена. Но, не можев тоа да го сторам.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ним доктор Гете им објаснуваше дека одењето в град лошо би влијаело на нивното психичко здравје.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Лежев на болничкиот кревет и си ги гледав раскрварените дланки.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мене во болницата ме донеле луѓе кои виделе како трчам по кејот, како молам за помош, како паѓам на колена, како удирам со дланките од плочникот на кејот, како паѓам во бессознание.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Имаше луѓе кои го молеа доктор Гете да ги пушти, барем на неколку минути, да излезат од Гнездо, ги склопуваа рацете и паѓаа на колена пред него, но тој не попушташе, сеедно што некои од оние кои го молеа беа мирољубиви, и никакво зло не би направиле надвор од болницата, ниту пак би побегнале.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа позајмена и преработена азбука се предава од колено на колено и со предавањето се изменува и сѐ се дотерува до својствата на јазикот на позајмувачите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Има уште илјадници души од родот твој што како и тебе не клекнаа на колена и им останаа верни на коските на своите татковци!
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Готов сум и на колена да те молам...
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Знаеше од уличната продавачка да го купи целото цвеќе и клечејќи на колена да ѝ го дари на Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И се влечкаше нагоре, на колената и на рацете; снегот како да беше направен од големи тврди скрупци, од чијшто студ набргу во неговите подноктици му се всади и една гола бол, но тоа не мораше да биде забележано со некакво особено внимание, додека заминуваше со лицето во тој снег, бидејќи дланките можеше секогаш да ги замени со лактите и да продолжи да чекори и на нив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога повторно си дојде на себеси, гледа пред него седи на колена и му ги влажни усните со камилско млеко.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тој се влечка на колена и непрестајно ја движи десната рака, сипајќи ги ударите во просторот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
„Нема да се качуваш по козја патека на колена, чедо божје“, го слушам како ме охрабрува во подвигот со наслов: „Бог не ги љуби само оние чиј адут е дека биле имот единствено на еден маж“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И со удирање на колената в земја.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Така на колено,како сува прачка да крши.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во преградата отспротива вредно работеше еден мал, на изглед прецизен, темномурест човек по име Тилотсон, со превиткан весник на коленото и со устата сосем блиску до микрофонот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Имате ли француски клуч?“ рече Винстон, испробувајќи го шрафот на коленото.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Претставувајќи си го, човек секогаш гледаше слика на колена со дупчиња и ракави подвиткани над дебелушкавите подлактици.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Линијата се редеше по петте собрани прсти на разни прекршители на дисциплината, а при големите „престапленија“ се применуваше и драконскага „валага“ та дури и граовите зрна истурени на земја (бидејќи собата немаше душеме) на кои за казна клечеа на колена „престапниците“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сакам песна, свирка и оро. Свири, пеј и играј, убавино, весели се дури си под заштита на прилепскиот кадија – им залепи по една целувка на двете жени што ги држеше на колената.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Родени се во времето на Втората светска војна, растат во времето на Хувер и Макарти, постарите браќа им се регрутирани во Кореја, мајките ги учат дека е срамота да се врти со колкови и да носиш тесни панталони, татковците ги учат дека е срамота да имаш црнец-другар, свештениците ги гушат да клечат на колена секоја пред својот тотем, општеството ги учи дека треба да станат домаќинки и да бидат верни сопруги што ќе израѓаат еден куп деца што ќе гинат по Виетнам - а тие се маѓепсани од Елвис, којшто заводливо врти со колковите, маѓепсани се од Џери Ли Луис и неговите тесни панталони со набабрен шлиц, маѓепсани се од црнецот Литл Ричард кога вели уап-баба-луба-би-ба-буп... и ете, затоа вриштат, затоа што им го бранат сето она што душата им го бара!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Некои од селаните по цел ден клечеа на колена во црквата и му се молеа на бога за спас.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Кога почувствува во рацете дека јас нејзиното барање го исполнувам, таа тогаш, додека јас се спуштав на колена лизгајќи ѝ ги дланките преку колковите и по слабините надолу, го отпаша коланот од бањарката, се разголе откривајќи се пред мене без гаќи, со своето тело како целото излеано од млеко, ми допушти да ја изгледам па ми ја стави дланката од својата десна рака на темето и додека ги подвиткуваше нозете во колената и ги подрасчекоруваше, ми ја стегна главата, просто ми се навре на лицето...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И така од колено на колено, секој август, рибарите постојано гледаат кон небото, трагаат по најмалото облаче, го фиксираат со погледите, се мери температурата под сенка, на секое дожде му се открива значењето во идната година.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Дури и вака оставени на колената дланките му поигруваа.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Има ножни листови свежо избричени, загадочни дупчиња на колената, што сѐ заедно предизвикува една мистериозна загадочност, поткрепена со бутини без масна наслага!
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
„Но, ох, царе!“ се бранеше летачот, на колена, додека солзите му се лееја низ образите.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Таа речиси на колена го молеше Зрновски да му ја објасни на Самоников смислата на созревањето и на бербите: „Објасни му, те молам, сѐ за плодовите“, инсистираше таа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Секаде со мене си ја носам: раната на коленото повторно се отворила.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Неколкупати се обидува да се сврти, да се преврти, да се фати за нешто, да се прибере, да застане на колена, да се исправи, ама со секое движење станува сѐ послаба, сѐ поистоштена и чувствува дека мракот околу неа станува сѐ погуст, дека ја притиска кон земјата, ја стега за грло, ја дави.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Падна на колена и пушти глас - пискотница: - Циљкооо... чендо!!!... - над лединката за миг нависна крик.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Го одрами шмајзерот и го потпре на коленото.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А дедо ме зеде на колено и рече: По наше молитвата е вака: Отче наш иже еси на небесах, да свјатитсја имја твое, да приидјет царствие твое, да будјет воља твоја, јако на небеси и на земли.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И уште - во раце ли ја држиш - смрт држиш, на скут ли ја држиш - смрт на скут држиш, на колена ли ја држиш - смрт на колена држиш, низ нејзината цевка ли ќе погледнеш - смрт ќе видиш.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тој застана и седна. Го одрами шмајзерот и го потпре на колено.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И онака порано или подоцна луѓето доаѓаат на колена и молат да им отвориш џамија.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ќе умрам. А детето? Не може, не може. (Клекнува на колена.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ја беше наведнал главата и чекаше. Ама, кога ја крена, виде дека игуменот се откажал од тоа и сега беше задреман врз една од тешките манастирски книги, што ја држеше на колената, Се тргна, ја затвори книгата и ја баци.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Бргу се спушта на колена и мижејќи се вовлекува под креветот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ја фатив за рачето и ја седнав на колено. - Тато, - ми вели сосем тивко таа, - денес навистина добив петка!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)