на (предл.) - пропаѓање (имн.)

- И слепо и чкулаво подава рака по змиско јаболко, се лутел Симон Наконтик како осамен светец на семожни гревови позамрсени и од волчи црева, всушност повеќе исплашен отколку величествен набожник зашто го потресол крик на див петел од лесковата шума на селото, предупредување на смртта што брза кон такви каков што бил тој, за кого женското милување претскажувало почеток на пропаѓањето на светот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Вие сте осудени да живеете во состојба на пропаѓање.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Тој не ја знаел темната јадосаност на Куно Бунгур и неговата вера дека соништата на ноќта што доаѓала се само негови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И состојбата на пропаѓање продолжува.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Веројатно ова беше заради тоа што Жари исто така, во кралот Иби каде е претставено пропаѓањето на европската цивилизација, често го користи „студенилото” како слика на пропаѓањето: Иби, на пример, забележува, „Толку е студено, што ти пукаат коските”.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)