на (предл.) - сабајле (имн.)

— Повели, Јоване, еден ракија. На сабајлево убаво ќе дојдит да поткрепиме малку душите, оти доста и прошетка направивме по нивјето, — го покани пак Адем Јована, а Катето им ги подаде полните чаши.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Шмајзерот го оставив во спалната и до него ливче на кое напишав дека јас тој и тој, другар командире, си одам кај браќата кои крвават и на сабајле, во мугрите фатив пат за Албанија.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Планините на сабајле треба да се лижат штедро, скокотливо, одвнатре по преслапите, по пресеците, по вршниците дал-господ јазици и за на небо и за по земја и под, и над, и пред и по треба да се диши длабоко, однапред да се ублажи налетот на дневниот молк сѐ до следната средба со ноќната граматика.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)