на (предл.) - ѓубре (имн.)

Зошто мора пепелникот да се празни на ѓубре кога може и вака. (Со раката го грабнува полниот пепелник. Го превртува врз масата.) Мора да се тера внатрешната слобода. (Пауза)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Силата на ѓубрето ја сочинува нашата потреба од него.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во распаднатото, фрагментарно, постмодерно време кое ги брише сите граници и хиерархии, кое со својата општа огледало-структура им дава право на сите и на сите право на сѐ, во време на персонализација, време на исчезнување на границите помеѓу високо и ниско, помеѓу уметност и неуметност, во време на рамнодушна консументска булимија, во време на атрофија на чувствата - на ѓубрето сите врати му се ширум отворени, ѓубрето навлегува во сите пори на животот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Само дрогерашки во Паркот Вашингтон. Паркот Вашингтон мириса на ѓубре, со тие куќите наоколу.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во социјално-станбениот блок Вашингтон Парк, не оди на вратата на некоја црнкиња. Не си пожелна.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)