на (предл.) - ајдутски (прид.)

Неговите најдалечни, сигурни знаења допираа до некој си дедо Велко, кој бил колибар, но и ајдутин, па на ајдутски начин и го завршил својот живот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Социјалниот состав на ајдутските дружини бил разновиден: селани, сточари, аргати, чифчии, овчари, разни слуги, а се случувало да има и попови, калуѓери, учители кои во повеќето случаи биле духовни водачи на ајдутските дружини.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)