на (предл.) - благ (прид.)

И мравките, ене ги го изнесле својот одвишок од храна да го потсушат на благото сонце да не им се расипе од зимошната влага, а мрзливиот штурчо дебне отстрана да може да крадне некое и друго зрнце, оти прегладнел за овие три четири месеци лежење под снегот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Пак е Марко во улогата на благ изобличител на неговите занеси, сега само малку поопипливо ги разголува.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
СОФИЈА, речиси милионска, е расположена на падините на питомата Витоша, на „најшумовитата“ планина, чие зеленило, чија вегетација се спуштила долу во полето на благите падини - во Софија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Близу границата ми пријде несетум една жена од моите блиски по мајчина линија, индиректна рода и ме гледаше час со извештачена доза на благо сочувство, час со извештачена доза на сожалување, којзнае која беше вистината.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Од земја ние имавме едни урупчиња по селото во кои садевме по некоја пиперка и по некој домат, трошка празе и граше и босилок и џинџуле колку да се најде за на мртовец и девојките да стават на плачките на благ ден.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Жена му на Китан знаеше дека жена му на Танаил, како и другите жени во селото, се подбиваат, се исмејуваат, и затоа утредента по свадбата, кога станаа младенците од спиење, отиде во нивната одаја, ја натера невестата да се пресоблече, ѝ ја зеде кошулата, и кога виде дека на неа има крв, светна од радост, ја зеде кошулата и истрча во дворот покажувајќи им ја на сите луѓе дојдени на блага ракија; им рече на тапанџиите и на свирачите да свират, и таа држејќи ја кошулата високо крената, започна да игра оро.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Го гледаа езерото како на дланка, воодушевувајќи се на неговата убавина: наутро сонцето го отвораше како голем бел цвет, врамен со зеленило; тоа треперејќи на благото ветренце - се доразвиваше; кружеа галебите над него спуштајќи се да го допрат со крилјата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Осамени меѓу прастарите стебла Ја слушате виолината на Марин Сореску, А потоа долго Жан Пол Гибер Ви го толкува лицето на благата смрт. (Сина вода блика во сеќавањето: Од мостот на Незвал Гледате жена во множина).
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
На Влаинката ѝ беше пријатно тука, со лице изложено на благото сонце.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
колку патрони чеиз му донесе на Горачинов, ми велат, да имавме ракија, вели Горачинов, ќе ве викневме на блага ракија, и ќе фрлавме пушки, вели, свртете на друго, вели Ристо Коларов, здравувајте нѐ в образ, бацете ни рака, вели, не го погоди моментот, вели Горачинов, историскиот момент, ова не е свадба, туку свадбено патување, вели, дури си млад сѐ можеш да кажеш, што се вели, сѐ ти се може и сѐ ти прилега, и јас гледам како се стемнува и како цело небо ни слегло во морето, сосе ѕвезди и сосе месечина и си мислам дека сме тргнале по небото, сме се закренале на некоја пловидба меѓу ѕвездите, целата сум зашумолена и пренесена некаде, некоја голема умора ми се обесила на клепките, ми натежнала во коските, нешто гледам, а повеќе не гледам, како до половина да сум заспана, завлезена во сонот;
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Така двајцата трепереа во квечерините како пламенчиња на благ ветрец, си ги чувствуваа дамарите што се забрзуваа до шумоглавост, преку трепетот на телата што ги опфаќаше и двајцата и кој Алегра нагло го прекинуваше, заминувајќи и дофрлајќи му од вратата:  „Уште половина година до нашиот Пурим”, и се губеше во првиот самрак на улицата, не забележувајќи ме мене, заминувајќи со брз чекор кон дома.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Јехуда пак мислеше на неа по цел ден. Се радуваше кога ќе ја сретнеше случајно или кога ќе ја посетеше дома, во присуство на родителите.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Доколку подоцна очите не ми солзеа, ѕвездите навистина беа сребрени и влакнести.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сега во дворот, во таа наголемена половина поцрнета тепсија, бевме собрани сите што се мислевме како гости на домаќинката: Арсо Арнаутче, Сандре Самарија, Никифор Ганевски, Онисифор Проказник и Орлен Шумков: Никола Влашки продолжи да спие во плевната а јас стоев зад недоплетен кош и се сеќавав на летните топлини и на благото бранување на 'ржта во предвечерните времиња.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Добро... Откако дочекавме зора, слеговме долу. Зелена лединка легната на блага угорнина.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Нашите девојки потсеќаа на нешто најчисто, најубаво, на цвеќенце што расцутува, на нежно, тенко тревче што се вее на благиот пролетен ветар, потсеќаа на сѐ добро што може да посака срцето.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Шум на водата на жешките сончеви зраци. Лебдеам како прав, како цимет на благото ветре.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)