на (предл.) - божемен (прид.)

Мачнината на божемнот грев, за кој немаше вина, а ни самиот не беше сигурен дали е грев или не, го убеди во можноста на успехот во долго подгтвуваниот чекор кон внатрешноста.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Неодамна весниците пишуваа за некој скулптор кој долги години работел во својата вила, во близината на Кичево, кај кој ноќе, наводно, доаѓала монахиња, исто така со џип, но подоцна се утврдило дека под дулбенот со ширитче по рабовите и долгата црна носија на божемната искушеничка се криел поп, хомосексуалец.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Чаршијата и така е терезија на слабостите човечки, на мајтапи и подбивки, ама и дувло на божемни силници кои дома тенко предат како мачори.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)