на (предл.) - бош (прид.)

Па, си земам за слобода да речам дека е најдобро да си ја тркалаш железната пара на бош и да се дружиш на пријателска база со двајцата, додека не му здодееш на младиот, кој секако има помалку трпение од возрасниот, кој, пак, знае да чека до бесконечност затоа што е каваљер, а ти си неодолива.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
— Гледај право, да не ти отиде фишекот на бош, оти сета работа ќе отиде на бош.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Не бидува петочно, Света Петка се лутела! Падни - стани! Бош на бош!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)