на (предл.) - вештачки (прид.)

Мистериозниот Транк Спироберг, со своите тези за поддржување на природниот јазик како антитеза на вештачкиот, се разбира, и тој ќе придобие свои приврзаници меѓу тогашните угледни лингвисти.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Дедо ми пак по мајка (мајка ми беше од Севојно, сега не постои, го покрија водите на вештачкото езеро кое се вика според селото - Севојнско Езеро), го паметам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Бојана имаше долга природна црвена коса, лице речиси мртовечки бело од пудра и во него всадени зелени очи кои светкаа како контраст на вештачкото мртвило на нејзината кожа.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Тоа движење се темели на претпоставката дека информациската технологија ќе овозможи пронаоѓање на вештачка стварност, којашто за основа ќе ја има нашата претставувачка моќ (моќ за создавање претстави).
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тој неверојатен Вацлав Хавел, дисидент и драматург, е вистински делкач на вештачки стварности; кога неодамна стана претседател на ЧСФР, изговори длабока мисла: рече дека повеќе го потресло убиството на Џон Ленон отколку убиството на Џон Кенеди.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тој формирал девет бановини, на чие чело се наоѓале гувернери (банови), назначени од кралот и имало Сенат составен од луѓе препорачани од полициските власти.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Меѓутоа, тие констатирале и дека кон крајот на 1929 година „кралот Александар признал дека федералистичкото движење станува сѐ посилно и посилно и решил да го прикрие својот централизам со инаугурирање на вештачка поделба на државата.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Додека пристапот на Чебренскиот Мост го штитеше тесниот пат и непристапните карпи, оној на Светецот беше незаштитен од природата, та требаше на вештачки начин да се бара и создава заштита, макар и по цената на човечки животи. И ја најдоа бунтовниците.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сивилото на вештачките раеви на некој начин прераснува во култ, под услов тие да ја достигнат возвишеноста на една (не)култура.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)