на (предл.) - вжарен (прид.)

И додека полека се отвора ризницата на портокалите исечени врз сртот на планината и додека го вадиме првото неочекувано ковче од мекото месо од телото на рибата, сега веќе во нашето тело едно ненамерно - намерно подбуцнување со зелено стапче мало ситно ништожно, го буцка нежното тело на вжарениот трупец и тој од покос се отвора пред нас со величествената светлина и топлина од неговата утроба, паѓа.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Тогаш седнуваше со домарот над мангалот во кујната, кршеше од домашниот леб, сркаше од манастирскиот грав, мезеше од биеното сирење на вжарената маша, отпиваше од стомната покрстено вино и водеше најприземен разговор за тоа како не се исплатува да го држиш и да го раниш магарето зиме кога нема работа во полето, како е поарно да го пуштиш без самар во снеговите на планината да го изедат волците, а напролет да си купиш младо магаре па да му го главиш стариот самар и да си вршиш работа, оти живеачката е една, а скапа, а пак треба да се преживее, да се одживее некако.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)