на (предл.) - влажен (прид.)

Изморени и капнати од целодневното одење, легнуваат на влажните лисја и слама - една додруга, тело до тело, притиснати, гушнати; си дишат в лице, в чело, в грб, превиткани од студенилото и влагата што влегува под кожа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А таму крај патот, седнати на влажната земја, пријателите се расправаа: - Ами како поинаку? - праша Иљо.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Езерото, до крајност немо. Остарениот човек бревта како риба исфрлена на влажниот песок.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Го држеше челото на влажната трева и чувствуваше болка во очите, сува болка распрсната однатре. „Колку години имаш?“ ја праша додека земјината влага се впиваше во него и го гаснеше. „Осумнаесет“, му рече без злорадост и без виновност.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Сончевите зраци се пробиваа низ високите дрвја правејќи светли завеси од утринските испарувања на влажната земја, ширејќи мирис на печурки и папрат; разнобојните лисја на дрвјата се преливаа на светлината добивајќи прекрасна патина, претсмртна боја; клукајдрвците удираа по дрвјата и огласуваа немир; немир владееше и во кучињата: напињаа на ремениците со кои ги водеа манастирските слуги, душкаа по земјата и бараа да се ослободат, да оптрчуваат; повремено ќе заквичеа но слугите ги смируваа жулкајќи ги по главите, или удирајќи ги по муцките.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Удираше околу себе и се сеќаваше на влажните лица од детството.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Човекот, самотен и намачен, го има и му останува само ова слободно право да го излие гневот со безумство на кртица и трпеливоста на влажниот црв.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Дојди, момче! Арсо пристапува напред. Кајмакамот се поткренува од столот и Арсо сеќава скокоткање по образот и топол допир на влажните усни.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
На влажната калдрма беа фрлени чинки на мижуркави есенски светилки.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Прозорецот на влажната соба со земјен под беше рамка со пролетна слика: во него гранче со расцутена слива, руменикаво небесно парче, остар, скоро видлив дах на планина.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Те удира миризба на влажни алишта, на исцапани нозе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Крчмарот нареди десет чаши на влажното тезге.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Посебно го занимава секирата потпрена на влажниот ѕид.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Добар ден, - рече старецот носејќи го Роско в раце.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Се наведнав и нацртав на влажната земја авион, а на едното негово крило го нацртав за спомен Карамба-Барамба.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Искрено: во чутуранга рокадата не е позната, но жена ми: вечен архитект со име и чест, директор на Заводот за урбанизам, пред годините на климаксот крк-трт време по турско есапење, ќесебашија, лока на влажната сенка што трепери низ омарнината и удира на рокада: Колку ми ја извалкале постелата?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Четворица сме: јас и тие: јас од тукутака ќе се расплачам, ќе се размрсулавам, тие по мене, ќе молчам јас, ќе молчат тие, јас тргни кон некаде – тие по мене, ја расипуваат играта.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Еднаш кога Мил остана цела ноќ во лабораторијата и не дојде на спиење, Богуле го заобиколи коритото со вода што му го стави мајка му, и низ прозорецот кој беше заборавен да се затвори со рајберот однадвор, започна да се спушта по јаболкницата, но се слизна на влажните гранки и падна.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)