на (предл.) - врховистички (прид.)

МРО во лицето на Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Јане Сандански, Димо Хаџи Димов и многу други остро ѝ се противставувале на врховистичката политика спрема Македонија воопшто и одделно спрема врховистичкото инфилтрирање и врховистичките подготовки за поттурнување на пожари во одделни околии во Македонија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Поврзувајќи го неуспехот на Илинденското востание со негативното влијание на врховистичкото Горноџумајско востание, Димо Хаџи Димов, во прочуената статија под наслов „Илинденско востание и поуките од него...“, меѓу другото вели: „Илинденското востание не успеа затоа што беше претходно компромитирано од едно друго вештачко „востание“ наречено Џумајско...
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)