на (предл.) - гладен (прид.)

„Празна раница не чува граница“, почнаа да се читаат пароли по буките на Кравица, Петерник, Соколот и Добро Поле, изрежани со штиковите на гладните војници од оваа страна на фронтот и се зачестија „мечките“ каде што имаше Германци, а бугарските војници со „дикат“ дигаа сѐ што имаше за јадење од нивните магацини и кујни.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Циљка заспиваше последна. Со скоро замижани очи таа напнато вслушана во дедовото раскажување, се гледаше себе си како добра самовила којa им помага на сакатите и слепите, на гладните и жедните, заскитаните ги изведува на пат, се гледаше како во шумата си игра со зајачињата и верверичките и како со долга расплетена коса и со бел фустан до пети - игра по ливадите и лединките и собира цвеќе.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Како прво и основно, никад немој да пиеш на гладен стомак затоа што многу брзо ќе ти удри у глаа и ќе дојде до начукуење и повраќање.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Кога видел сѐ што му се носи, тој Чук Нам се насмевнал со очите коси: - Сето јадење дајте го на гладните од Виетнам.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Нив , најмалку ги погодуваа шлаканиците зададени од економското невреме, ( согласно старата поговорка : ситиот не верува на гладниот ) па така си кротеа пострана, уживајќи ги себично благодетите од системот.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
„Докторе, пулсот, срцето.“ Стравот во разлеаните очи не беше предизвикан од плачење на гладни сирени.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се смееме на гладно срце, што се вели, на гол газ се смееме. И во душата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
По цел пат да ми е и благо и тажно и лесно и мачно, небаре на гладно срце да сум сркала мед од диво улиште.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
После слушаше како и во таа ветрива ноќ почнуваат да се извишуваат до вишенебеси изострените писоци на волците по Белата Долина, и сега можеше да биде добро замислена сета изгубеност на гладните попусти завивања низ сета таа ветровитост.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во утрините не можеше да се смири, ако не развртеше неколку пати околу пиланата, загазувајќи до појасот во снегот, а квечерините не забораваше да ги испрати на прозорецот, за кога ќе се стемнеше да може пак да почне да ги исчекува пријателските довикувања на гладната дивина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Стравочудебното село било куп човечки седалки од кал и со сламени или 'ржени покриви, некои од тие куќи дури и без прозорци и бездруго однатре со залостени врати зад кои ноќе над заспаната челад бдеел домаќинот со секира, со вила или со прешилест чекан за кршење камен ослушнувајќи ги шумовите и стрелушејќи се од душите на мртовците и од арамиите или од организираните одметници на распашаните глутници на башибозукот и на аскерот што станал безредие во безредието на пеколот ширум по вилаетот и исто толку по осоговските масиви на кои некогашниот деспот Оливер мислел дека ќе е исто толку вечен колку што е и господ во заблудените срца на луѓето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како да чекале тишината да ги закопа, да ги израмни со недоодмрзнатата земја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Некогаш достоинствениот дворјанин со меч на појасот и крст во срцето градел свој молитвен дом со крв и со пот на гладни шутраци, сега пред тој манастир со име Гаврил Лесновски ја пречекале дружината десетина мажи, и самите темни и суви; мислиш дошле оддалеку да стојат пред стара и крива дудинка и да го наслушнуваат умирањето на зимата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во исто време некаде стивнувала рапава песна на гладен и безнадежен гавран.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Каде што ќе не однесат средозимскиве ветеришта! – Одговори задоволно Дедо Мраз пред кого, Добре, најдобриот човек на светот, го подзабришуваше жешкото лице облеано во солзи – радосници – Каде и да одиме, ќе ве распродадам како алва на гладни сумустраци!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Широка и благородна душа, Чанга прв им помагаше на гладните и бедните во градот: носеше млеко, храна, на најбедните беше готов да им подари козле од новата рожба на неговите кози. А тие беа плодни, преплодни.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
На гладна мандија не треба да ѝ покажуваш коска.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)