на (предл.) - двоен (прид.)

Синот единец во Прага севезден ја слуша „Само дома си е дома“. Ние омлитавени родители во Скопје севезден ја слушаме „Влтава“. Така некако изгледа музиката на двојната тага.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
За алките заковаа синџир од два метри должина, па тој синџир го врзаа за алката на наредниот и така со дваесет и шест метри синџир и тринаесет алки ги оковаа сите бунтовници на по два метра растојание еден од друг, да можат да одат на двојни редови.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)