на (предл.) - долготраен (прид.)

Таквата промена на советската политика во однос на ЕАМ за Велика Британија претставувало усложнување на проблемот не само на сметка на британската „краткорочна политика“, што било предизвикано со отворената „руска поддршка на ЕАМ во однос на нашата политика кон Грција“, туку исто така „за сметка на долготрајната опасност од поврзување на проруските движења во Југославија, Албанија и Грција“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Меѓутоа, како резултат на започнатата размена на мислења меѓу Велика Британија и СССР за повоеното уредување на светот, СССР се согласил да им дозволи на Британците да го преземат "водството во Грција", така што Британците сметале дека Советската влада нема да ги спречува нивните активности во Грција и дека Советите нема "отворено да ѝ ја даваат својата поддршка на ЕАМ".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)