на (предл.) - долен (прид.)

Патот беше искривен, колата беше исто така искривена, затоа што левите дрвени тркала беа на една погорна тесна патека, додека десните лежеа на долната патека.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
На долниот крај пак му влегле, се гледаат изронети зрна и стапалки.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тој процес отпочнал со симнувањето на македонските племиња од северозападните и западните планински краишта, Горна Македонија, во централниот дел на рамнината на Долна Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Бојс „долго време бил врзан за областа на долна Рајна и Клеве“, и за некои од тамошните луѓе кои ги сметал за „модели“ и кои без сомнение ја компензирале неговата дистанцираност од родителите, посебно од неговиот оддалечен татко.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ако, како што пишува Ерик Ериксон, првата психолошка задача на детето е да развие доверба, обично преку топлиот однос со родителите, тогаш Бојс го развил чувството на доверба кај себе преку своите фантазии за себе како овчар, родител на своите овци.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Оттука, независно од комбинациите на субјективните и објективните причини, Бојсовите родители не ја исполнија својата прва должност како родители кон своето дете: кај него да создадат чувство на сигурност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Понатаму, на долниот крај од Рамни Ливади, двајца косачи ритмички замавнуваа со косите и стапка по стапка напредуваа преку ливадата. Зад нив остануваа пластови покосена трева.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Марија „крената на облак“ е Богородица на Вознесението и, навистина, како во традиционалните иконографии поврзани со Вознесението на блажената Девица Марија, „Големото Стакло“ е поделено на два дела, земен и небески: на горната половина, облакот со трите квадрати (облакот на Светото Тројство), ја прифаќа “mariee” или “Marie”; на долната половина паралелопипедот во перспектива (во средината се наоѓа Марија која се вознесува), потсетува на празен саркофаг од сцената „Вознесението на Марија“, околу кој се собираат сите присутни.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Таму сѐ треба да легне во својата длапка Па сепак песната е глечер и сѐ е закопано во гатанки и пустош Во збунети неосенчени зборови Морето ни дише во лицата сѐ сака да допре со своето спокојство А медузата затворена во синото стакло на водата како да ја испитува горчината на нашата изненаденост додека слегнува на долното небо.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Господару, палтово, вели Васил.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Си одиме, му велам на Васила и зачекорувам по патчето спрема шумата над која, на долни крај, како порта низ која се влегува и се излегува од шумата, се извишува полупрстенот останат од куполата на Латинска Црква.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Отец Пелазгиј Асикритот пак, навидум спокојно гледаше во Филозофот, но една блага, притворна насмевка му заигра на долната усна.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
На долниот спрат од куќата беше собата на баба и дедо, гостинската соба, големата трпезарија и кујните.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
За сожалување, муслиманите и до последно време не можеа да се ослободат од својата стара предрасуда да гледаат на христијаните како на подолна раса од нив.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ниќифор Правдољубивиот имаше остро око и блескав ум, но кога ќе погледаше кон водениот часовник, ја забележуваше само градираната скала на долниот сад.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
На челниот дел од куќата, под стреата: срце, прстен, токосани раце, ангелче, венче, и во нив: почетните букви од името и презимето на домаќинот и годината на градењето; балкони: украсени со елементи од железо или ламарина во форма на триаголник, четириаголник, ромб, ромбоид, круг, трапез или со гипсени елементи во вид на амфори, во вид на подлактени раце или сосем едноставни со парапети кои завршуваат со коритца за цвеќиња; чардаци: долги колку што е долга и куќата, со пармаци, со плотици од костен, од даб, од јасика; на чардаците испуштени башлаци над кои висат мали куличиња низ кои може незабележено да се ѕирне во дворот, на патот, или во време на војни и арамилак, да се протне цевка од пушка и да се направи пусија; покриви: со рамни или со стрмни стреи, со испуштени чакми и кучиња, со поткренати маи како крилја од птица, со издолжени предни страни како козирка од капи, или прекинати со предниот ѕид што се крева нагоре за да го затскрие покривот; вратите: со една, со две поли, обични или со нутифедер, со украсни бордури на секоја пола, со надвратни прозорчиња застаклени или опшиени со мрежа за заштита од секакво гадурии; на вратите жапка или шуличе што се отвора со стап кој постојано е врзан на вратата, ѕвонец што ќе чукне потивко или посилно, резе со катинар или брава донесена којзнае од каде; прозорците: широки, европски, или пак тесни со по неколку крила доближени едно до друго за што подобро да ги осветлат просториите; оние што се на долниот кат и низ кои може да се ѕирне, заштитени се со железни прачки извиткани во разни форми; кај што нема железни пречки - дрвени капаци испукани од сонце и дожд, но кои ноќно време убаво ја затвораат куќата како дланки склопени на очи или како мравкини дупки.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Правена е по план, донесен од Германија, каде што тако му работеше како слаткар: куќата е со висок стрмен покрив кој не држи снег, и на кој, на сите четири страни, има тавански прозорчиња што го осветлуваат просторот под покривот; на сите четири ѕида од куќата: и на долниот и нагорниот кат, има мали дрвени балкончиња и тесни врати кои излегуваат на нив; над нив има гипсени украси: развлечени триаголници што се испакнуваат од фасадата; по рабовите на куќата, исто така, се спуштаат гипсени бордури; куќата е обградена со зеленило што ја прави уште поубава; пред куќата нема градина како пред многу други куќи, туку е посеана ниска трева која како зелено кадифе го покрива сиот простор; низ тревата постојано се разлева една браздичка со вода и ѝ дава свежина и силно, блескаво, зеленило; пред куќата, под лозницата што е разгранета на дрвени потпирачи, се белее гроб направен од мермер; околу него цвеќиња и масичка и столчиња направени од преполовени костенови стеблаци; оградата на дворот е од мазни дабови плотици со куси врвови исшилени како запци од шара.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
На долниот крај, токму на патот што влегува во селото Калајнево, се наоѓа чешмата на Карабеќерица.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ушите му се оптегнати и на долниот крај зафатени, без јаготка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Значи, на горниот кат напред има по два прозорци лево и десно од балкончето, а по два прозорци исто така на долниот кат.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
На едно јако дрво, префрлено од едната греда на другата е наврена алка од дебел синџир, со две куки на долниот крај за кои се обесуваат котлите за топлење вода. Тој синџир е „верушките“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Белата капа од главата на Водно се зголеми, некој невидлив ѝ наддаваше петли на долните рабови и растејќи слегуваше сѐ подолу и подолу додека најпосле не се претвори во бело платно што едно утро го открија врз покривите на куќите и врз калта на улиците.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Откога видел Силјан оти не веруваат, почнал да им кажува што му правел на татка си, како го поучувал татко му и тој не слушал, како се главил со дуовникот, како влегол во морето, како се нашол на долна земја, како правел муабет првата вечер у Аџи Кљак-кљак, како му прикажувал за старецот што го отепале децата и што колнал, како излегле двата извора од кога им изумреле сите деца од големата сипаница, како се сторил штрк и си врзал шише на гуша и како патувал од штрковата замја преку широкото море, како дошол над Плетвар и го окршил шишето, та си останал штрк и си дошол дома.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Тргнал една бразда, две, Божин во нивата и Силјан застанал на долниот крај кај нивата да им се пули на браздите што ги ора татко му.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
На долното ниво е потемно. Лете постудено. Зиме потопло.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Во едно од нивчињата на долниот крај, жнееја и Бошковите.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Го бараат Зоки по скалите, пред зградата, на балконот, на долниот кат во станот на неговата пријателка Лидија, а него го нема и го нема.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Не беше многу доцна, но родителите ги имаа облечено братот и сестрата во пижами и сите седеа во собата на долниот кат, затоа што само таа беше затоплена.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Откако на долната порта излеговме од црквата, мажите почнаа да пеат извикувајќи колку што можеа погласно: Крсти креваме, Бога молиме, Да ни се роди Жито пченица И бело грозје И машки дечиња И женски чупиња...
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Петре го зеде шејот на левата дланка, со десната го откри на сите четири страни и на неговата дланка врз црната басма, ние децата што бевме тука собран, видовме нешто ем знајно ем дотогаш невидено: беше костенливо сјајно, со крвчиња во сребро на краиштата на трите краци и со сребрено столче на долниот крај да можеш да го пуштиш и легнат и простум да стои.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)