на (предл.) - жеден (прид.)

„Делкај цела ноќ“, и тој делкаше сега со показалецот на среќа, но сето тоа беше напор на жеден човек што цеди капка вода од сува земја.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Остро издадениот напред грклан се движеше нагоре-надолу под дејство на жедното голтање. - Изгорев, вода! Еј ти!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Како преку ноќ да станало некое чудо, тој трчаше неуморно од едниот крај на другиот, носејќи им студена вода на жедните бригадирци.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Во омарнината, без штит на благотворна сенка, Кукулино, лежеше на жедна, мртва, испукана земја како омрлушен пес, збивтав, отфрлен, заборавен, старо животно скоро без пулсација под измитарената кожа.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Кој знае кога, некој си добар човек, Мирчо од селото Брегово, ја направил оваа чешма за да им служи на жедните.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)