на (предл.) - заинтересиран (прид.)

Притоа постојано поднесуваше пред очите на заинтересираните и една вистинска бумашка потпишана божем своерачно со крвта на познатиот Кравенчук, висок офицер во приштабската единица на генерал Деникин со кого заедно, само двајцата, ја бранеле отстапницата на Белите во една безмилосна схватка со Црвените.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Многу подобро ќе биде да им се довериме на најзаинтересираните држави за нашите работи, особено на православна Русија, којашто ги знае убаво нашите потреби, а не да се надеваме на самите себе и на некои конференции.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во дадениов случај најарно е иницијативата и најглавната улога да е во рацете на најзаинтересираните големи држави, коишто најарно ги знаат нуждите на Македонците”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
По сите тие причини, како и по полната убеденост во тоа оти не само бесполезно и невозможно е понатамошното успешно спротивставување, јас мислам дека наш долг е да ја замолиме македонската интелигенција што има влијание врз сегашното движење да го обрне својот поглед кон сериозноста на положбата, да го измисли патот и сите средства колку што може поскоро за да искаже полна доверба спрема постапките на заинтересираните големи сили во полза на Македонците и, откако ќе им даде ветување, да ја прекине понатамошната борба, да ги замоли да му се помогне морално и материјално на постраданото население да се поправи; да замоли да се воведат сите предложени реформи и тие што ќе најдат силите за нужно, како проширување на изработениот проект; да се отстранат пропагандите и да се востанови Охридската архиепископија со црковно-училишната автономија; амнестија на емигрантите и на сите четници; признавање на Словените во Македонија за одделна народност: Македонци, и внесување на тоа име во официјалните книги итн.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)