на (предл.) - заспан (прид.)

Покажа со главата кон колибата, од каде што се слушаше ’ркањето на заспаните луѓе.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Со денови, со ноќи, откако извишија ѕидовите, Откако во правта околу нив, под нив Се препознаваше белиот малтер Измешан од сонце, од воздух, од дожд, Мајсторот дигаше, ги потпираше, ги врзуваше Греда по греда, штица по штица, Коваше брут до брут, клин до клин, Сѐ дури не се покажа костурот на покривот Сѐ дури не дојдоа сите да ја даруваат куќата, Сѐ дури не извиши таа повисоко од сите други куќи Од каде можеше убаво да се види месечината Како влегува низ отворениот прозорец И лази под постелата на заспаното детенце во старата куќарка.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Велам: стар часовник бие во ветровита ноќ над огнот на заспаните љубовници...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Овде никогаш одново ќе биде јули: Дрвја со црвени плодови, Старичка што со недели чека да се воздигне За да си поразговара со својата сосетка на небесата, Ѕвезди во дланките на заспаните дечиња, Жени со набрекнати дојки легнати под сенка, Крикови на птици среде летната замаглина над ожнеаните полиња, Илјадници пеперутки скаменети во сенката на облакот, Српови расфрлени кај јазот, Црна сол врз изгорените костури на тревките И една девојка што полни ведро во бунарот За да му подаде студена вода на оној Утре што ќе следи на ова исто место Загледан во дрвјата со црвени плодови Овде некогаш одново ќе биде јули...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ана мрзоволно се упатува кон прозорецот и нејзиниот поглед потонува во темната длабочина на заспаните улици.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се слушаше рамномерно дишење на заспаните бригадирци.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Во еден од нив, изведен во Лондон 1994-та тој експериментирал со галвански уред за кожни реакции којшто ги засилува електричните реакции на заспаното тело во простор.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Гилхрист почнува да се занимава со сонот и со успиените тела 1987-та, и од тогаш работи цела низа перформанси на таа тема.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Сонцето лежело по нивните чела и ги прегрејувало. Едно тајно делче на свеста не ѝ се предавало на ракијата; демнело од бедемите на својата тврдина како проколнат стрелец што сепак им е заштитник на заспаните.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можел да загризе и во врат на ѕвер. И сепак ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Кој ти го рече тоа? - Самиот видов.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Без објаснување во себе и за себе, темен и тромав, неприродно наведнат над живото петно во мантија, со претчувства барал да ја прочита вистината од челото на заспаниот, најпосле, навистина, куќата горела, некој пуштил од дланка пламната птица врз 'ржениот покрив, Гавруш Пребонд или попот Панделиј Каламарис, и тој станал бескуќник; спиел во тесниот дом на шурата Адам Лесновец, јадел негови компири, благословувал на софра со негово вино и осамен бил: не му треба жена, топло месо под ленена кошула и подвижни мали дињи под кожата на градите, му треба мајка на двете негови деца.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тие суштествувале во сите времиња, биле време во времињата што минувале низ нивната несовладивост; миговите не можеле да им ги начнат срцата - пијат и вечни се, не познаваат недоверливост.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Му ја зеде пушката на заспаниов Борис Калпак и ја напика в слама.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Та и јас го сторив истото! Ја пронајдов убавината! Летав на утринскиот ветар. Од височините гледав на заспаните куќи и градини.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)