на (предл.) - излитен (прид.)

И Речникот на идеите на излитените османизми, кој требаше да го придружува нивниот заеднички одбранбен текст требаше да ги повика читателите на разбирање и толерантност, на човековата природа, на нејзината бавна променливост во долгите временски интервали.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Барем го затскрила она што сум го правел, за срамот да не ми биде уште толку поголем.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Многу му должеа на Речникот на Флобер. Најмногу се смееја на одделни толкувања на излитените идеи како: Акционери: Сите крадци!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко, посебно запре на Речникот на излитените идеи на крајот на романот Бувар и Пекуше, кои произлегува од автодидактичкиот резон на јунаците на Флобер во судир со науката, со гротескен, хуморен и комичен ефект!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Седеше на искубаната јамболија послана врз креветот кој преку ден служеше како кауч и буричкаше низ влакната, одвреме-навреме вадејќи оттаму некоја трошка и по мало двоумење, фрлајќи ја на излитениот теписон.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)