на (предл.) - императорски (прид.)

Малечките балкански државици, што се заинтересирани и ги поддржуваат пропагандите, во прво време ќе ѝ се расрдат на Императорската султанска влада затоа што ќе им ги пресече „вековните“ привилегии, но ќе помине време и тие ќе се примират со отстранувањето на пропагандите, зашто тоа отстранување ќе биде во нивна полза: ќе престанат да ги праќаат во Македонија своите милиони франкови, од кои за нив никогаш немало и не ќе има никаква полза.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
– Изреката може да се смета и како директна реакција на умот на народот на императорското гесло – Раздели, па владеј!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Македонија и понатаму остана во составот на Турската империја и стана поприште на крвави буни и востанија и на уште поотворена и поожешточена борба помеѓу странските пропаганди - од една страна и од друга на уште погруби самоволија на императорските власти и беговите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)