на (предл.) - инспекциски (прид.)

Првата и третата измена и дополнување содржат промени само во делот на казнените одредби кои се 1.  Закон за инспекцијата на трудот, Сл. весник на РМ, 35/97. 2.  Закон за инспекцијата на трудот, Сл. весник на СРМ, 31/85. 3.  Закони за изменување и дополнување на Законот за инспекција на трудот, Сл. весник на СРМ, 23/90, 17/ 91 и Сл. весник на РМ, 32/93. 140 предвидени при прекршување на одредбите од овој закон, додека со втората дојде до укинување на општинските органи на инспекцијата на трудот (чл. 2, ЗИДЗИТ/91) и до бришење на одредбата според која „работите на инспекцискиот надзор се работи од општ интерес за Републиката“ (чл. 3).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Па така, според чл. 3 од Законот за изменување и дополнување на ЗИТ, се менува чл. 8 од ЗИТ и инспектор може да биде лицето кое ги исполнува следните услови: да е државјанин на Република Македонија, да е полнолетно, има општа здравствена способност, не му е изречена казна со правосилна судска пресуда за забрана на вршење на професија, дејност или должност, има стекнати најмалку 300 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен правен, машински, градежен, архитектонски, електро, технолошки факултет и факултет за заштита при работа, што се докажува со уверение, лицето да има пет години работно искуство во струката по дипломирањето, ги исполнува другите услови утврдени во актот за систематизација на работните места, поседува меѓународно признат сертификат за работа со компјутерски програми за канцелариско работење и тоа еден од следниве: 1) Certiport: IC3 GS4 Key Applications положен; 2) Microsoft: MOS Word или MOS Excell - положен или 3) ECDL: Core - положен, а притоа има добиено и позитивно мислење за соодветност за работното место преку полагање на психолошки тест и тест за интегритет согласно со прописите кои се однесуваат на државните службеници и има лиценца за инспектор од областа на надлежноста на инспекциската служба.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Во случај кога констатираните неправилности се навреме отстранети, инспекторот на трудот донесува заклучок со кој ја запира постапката на инспекциски надзор, во спротивно поднесува барање за поведување на прекршочна постапка (чл. 3 од ЗИЗЕОТ/11).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Во врска со овие поведенија се воведе и процедурална одредба, чл. 57-б, со која се пропиша дека доколку инспекторот на трудот утврди дека е сторена неправилност ќе состави записник и ќе укаже за нејзино отстранување во рок од 8 дена, а истовремено ќе врачи и покана за едукација на работникот или работодавачот, која се спроведува во рок не подолг од 8 дена од денот на спроведувањето на инспекцискиот надзор.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)