на (предл.) - кадиски (прид.)

Јас би сакал уште да ти речам, но без умисла да влијаам на твојот избор, дека во нашето семејство Фетиевци, со векови сме преврзани на кадиската традиција.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Со ум и чесност, со праведност и знаење сме се одржале и сме ја добиле довербата и на султанската власт, но и во овие времиња народот нѐ прифаќа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Мајка, кога ќе видеше од чардакот дека изгреал нов, убав ден, ќе оставеше да влезе некој од толкувачите на кадиските записи, на сиџилите, за да ги дотолкуваат, зашто само Татко го имаше вистинскиот толковен клуч.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тогаш, морам да признаам, во тие херојски, но и трагични денови, ја насетував величината на Татковото откритие на кадиските сиџили.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)