на (предл.) - кириличен (прид.)

Со докажување на транскрипцијата на современата македонска азбука, на кирилично писмо, се открива дека нашата азбука е стара седум илјади години.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Во Македонија пред АСНОМ во употреба беше српската и бугарската кирилица, за по заседанието и по оформувањето на македонскиот како литературен јазик да се воведе типично македонско кирилично писмо, кое е прилагодено за одразување на фонетските вредности на македонскиот јазик.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Податливоста на кириличниот систем на писмо за промени, графичката едноставност и елеганција го прават мошне погодно за бележење на текст и негов пренос во време и простор.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)