на (предл.) - крвен (прид.)

Народот не е ништо друго, освен едно големо другарство, основано на крвно родство, на општ произлез, на општи интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Големи дози на ПЦП можат да предизвикаат екстремен пад на крвниот притисок, крутост на мускулите, губење, кома и смрт; жестоките агресивни испади се исто така чести.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Е, мила моја, кога дојдоа италијанските фашисти во Поградец, пак проработи нашата асма, тој остаток на крвната одмазда.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Физичките ефекти не се баш пријатни, како: закрвавени очи, зголемен пулс, снижување на крвниот притисок, суво грло и уста, замор и „munchies“ неконтролиран порив да се изеде сѐ до што може да се дојде. 128 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
На средината, тој беше како еден голем кањон помеѓу нив, кањон каде што се судираа спектакуларната возвишеност и понижувачкото растројство на стравот, каде што сувите бои на сонцето, со одблесок, се растопуваа од хоризонтот, а стравот од обелоденување на сопственото дно се нижеше на крвните жили, смрзнувајќи му ја душата.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Извршителите на крвната одмазда беа ликвидирани без судски процеси, станувајќи дел од трајното жртвување на Балканот во најразлични облици...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)