на (предл.) - луд (прид.)

Некој од лудите стои со хоризонтално испружени раце и моли да биде распнат; „Распнете го! Распнете го!,“ вика толпата граѓани.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Насобраниот народ е возбуден од глетката, од тоа вревење, прпелкање, од бесот и очајот на лудите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Само тој ќе знае дека сега внатре нешто му гори, му причинува често сладосни тревоги, но и го гони на луди помисли.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ех, би сакале да ви напишеме: имаме цветно шеталиште од двете страни на Луда Мара - украс на градот, собиралиште за деца и млади, одмор за нашите баби и дедовци!!! Ама ништо од тоа!!!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Девојки млади со пастуви стари љубовта тука се купува со пари на лудиот камен спремни да стапнат ја губат и честа за станче да лапнат
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Сѐ е толку таинствено, ама жарот на лудото срце да дознае што се крие во оваа невидена, ретка земјина форма, го потиснува стравот и те води, речиси насилно те влече кон тајната.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)