на (предл.) - мајски (прид.)

Истата имаше единствено, централно раководно тело и три Обласни комитети за Македонија под Бугарија, Македонија под Грција и Македонија под Србија, односно Кралството на Србите, Хрватите и Словенците.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Истакнува дека во текот на мајската и јунската офанзива моралот на бугарските војници бил многу низок и секогаш кога било можно преминувале групи со оружје и со опрема.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
И покрај тоа што тој обид пропадна, сепак, една година подоцна, 1925 година, во Виена, врз принципите на Мајскиот манифест, беше формирана Внатрешната македонска револуционерна организација (Обединета).
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
И уште ми рече тогаш дека е подобро да не доаѓам во Сараево и да си го вардам градот во спомените без лузни онака како што се варди убавината на мајските утра.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Трепериш како булка на мајско ветре се тетеравиш од годините врз плеќи молчиш како икона нацртана од крвој се виориш како барјак исткаен од светлина
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Скржавото пролетно сонце уште не го распеало софиското зеленило, уште дрвјата не личат на мајски, цветовите пупат, преплашени од налудничавите априлски каприци на времето, цветните алеи по булеварите и парковите сега почнуваат да се шаренеат...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)