на (предл.) - митски (прид.)

Можеме да се запрашаме каква улога во сите овие односи играат иронијата, мистификацијата, криењето, вештото манипулирање, деструктивната критика или чистото насладување во илјадагодишното здание на „ученоста“; истото можеме да го кажеме и за двосмисленоста на митската архетипска тема на хермафродитот, присутна во Дишановиот трансвестизам, за Мона Лиза со мустаќи итн.; можеме да се запрашаме дали би било добро да се преиспита извесното уживање во профаноста или, напротив, провоцирањето на публиката третирана како куп „лаици“? okno.mk | Margina #8-9 [1994] 197
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Благодарение на американизираното преименување на митските имиња + незнаењето на преведувачот, во епизодата за подземниот свет, Кербер се викаше Субрес, Деметра – Демида, Кентаврот – Сентор, а Персефона – Постстефани!!
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Токму кога го почнав својот (страстен) коментар за американскиот менталитет, авионот фати висина и внатре, како по команда, патниците се раздвижија и расприкажаа.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)