на (предл.) - моден (прид.)

Во Келн немаше место по хотелите, зашто сите беа преполни со деловни луѓе од цел свет, кои беа дошле овде на Модната ревија на мебели.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Личности кои се облекуваат прилично добро, само поради следење на модните шаблони излегуваат од фазонот.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Од друга страна, сепак многу се израдува што ја канат да помага на модната ревија на најпознатата југословенска стилистка, Исидора Перуниќ.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Беше зима и дефилето, бундите што се движат како на модна писта, беше ретка глетка во тој дел на градот, каде се знаеше за лажна астраганка во црна боја и толку.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Таа има учествувано на модни ревии во целиот свет, во Италија, Франција – Париз!
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Се воодушевувам и од Мадона, но повеќе ме возбудува како личност. Нејзиниот карактер. Носител на модните идеи. Свежа и предобра за да остане незабележана.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)