на (предл.) - морален (прид.)

Модерната коинцидираше со пронаоѓањето на смеата, која што и ден денес се наметнува како највозвишена форма на една навистина среќна и превратничка уметност, изложена на моралните проповеди како на новите конзервативци, така и на догмите на авангардата.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Еден од проблемите на дистрибуцијата што би ја контролирала државата би бил и тој што би можело да изгледа дека наркоманијата има официјално одобрување.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Од друга страна, законите кои не можеа да се спроведат имаа слабо влијание врз креирањето на морални ставови.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Карер го помисли тоа, ги виде некои од тие пријатели на црно-белиот под среде убаво осветлената ложа, а потем се виде и себе си, исправен на нејзиниот симболичен исток, со свечената, богато декорирана престилка на мајстор слободен ѕидар, со околувратник што му ја симболизираше должноста во ложата и со бели ракавици на рацете, сѐ симболи на моралната чистота и посветеност на мајсторот масон.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Го молеше Бога да му даде сила да го издржи искушението и да му даде сила Давидова, мудрост како на Соломон и поддршка како на Мојсеј да го спаси народот од смртната несреќа што му се доближуваше како огромна луња најавена на хоризонтот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Нејзиниот предмет е „сломот на моралните поими кај оние што го воспитуваат светот“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Јас пак се сплеткувам на моралните категории и, најчесто нејасен, зборувањето го доведувам само до половина. Тие си помолчуваат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Главниот услов за културна работа не е полната политичка слобода, а моралната воспитаност на народот и на неговата интелигенција, сознавањето на моралниот долг пред народот кај секој член на тој народ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)