на (предл.) - надворешен (прид.)

Хегел никојпат не тврдел дека човечкиот субјективен „светски разум“ го создава движењето на категориите на „објективизираниот апсолутен дух“ во природата или општеството (неговата дијалектичка филозофија го признаваше приматот на надворешниот, „објективизираниот светски разум“ над самоспознатиот, „субјективниот разум“ кај човека), туку верувал дека во неговата филозофија „апсолутниот дух“ се „самоспознал“.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Затоа таквата логика никојпат не можеше да го замисли „самодвижењето“, туку простото механичко движење на идентични, себеси рамни ствари и категории, под влијание на надворешна „сила“ или божество.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
24. Комитетот не може да им докаже ни на надворешниот свет, ни на самите Македонци неегзархисти оти тој не е бугарски.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И еве зошто. Досега комитетите му велеа на надворешниот свет оти тие работат само за „Македонија за Македонците” и се готови да им дадат секакви гаранции да не стане присоединување на Македонија со Бугарија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не само вредноста на искуството, туку и самото постоење на надворешната реалност беа упорно одречувани од нивната филозофија. Разумот беше Ерес над сите ереси.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Меѓу двата огранока на Партијата постои извесно количество на меѓуразмена, но само колку да се овозможи слабаците од Внатрешната партија да бидат отстранети, а амбициозните членови на Надворешната партија да се направат безопасни со тоа што ќе им се дозволи да се издигнат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Силно тропање на надворешната врата го тргна од мислите.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
На надворешната врата го сретнав поштарот кој ја имаше во едната рака одделено нашата дневна пошта.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Повторно сум во летната, утринска вода на морето, прочистена од валканите отпадоци на надворешниот свет.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Светлина на надворешната убавина, која Петар го различуваше до неодоливост и светлина на внатрешна убавина која благо распослана одвнатре ја успокојуваше усреќената душа.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ми се чини дека точно приодот од видливо кон невидливо ја покажува, меѓу другото, и сега апсурдност на психеделичката уметност која докажува дека преку стимулантното дејство на психоделичкиот фактор личноста може да ги продлабочи своите доживувања на надворешниот свет и дека свеста спрема себе си ја проширува на тој начин што доаѓа до активирање на непристапните региони на психата кои во нормални услови остануваат скриени во пределот на несвесното.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
На надворешната страна од оној прозорец свртен кон балконот, ја гледам сарделата, што во еден убав земјен ќуп ја имаше ставено Агна.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Возбудата на надворешниот свет допираше до него обесилено, како лесен здив на далечен ветер во топлата соба.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Умот- мозокот се бави со надворешниот свет со помош на идеи за надворешниот свет.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тој на надворешниот свет механички му наметнува идеи, сметајќи ги за сопствени вистини.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Никакви инструкции, и од највисоките центри на власта, во доменот на надворешната политика, не можеа да ги заменат татковите инструкции и кога го немаше, а беше присутен преку неговите книги, преку нивниот распоред на читање кој ми го остави во наследство.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Императивите на надворешен и внатрешен план остануваа исти: да се брани неврзаната политика и да се работи на унапредување на економските односи.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Фасцинацијата со прашањето на надворешната граница, односно заокружувањето во единствена, етнички чиста, целина, се компензација за оваа слабост, бегство на општеството од сопствената вистина.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
А сега... Откако ги испрати двајцата постари браќа кон Калето, беше нивни ред да носат храна, не мина ни половина час, три пати се чу ударот на металната рака врз металното топче на надворешната порта.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Едно време настапува молк. Потоа, придобивајќи сила на потрес, на надворешната врата се ѕвони.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Тогаш префектот извади еден бележник и почна на глас да ни чита подробен опис на внатрешниот, а особено на надворешниот изглед на исчезнатиот документ.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Татко беше предаден на надворешните битки.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)